На 18.02.2022 полициски службеници од Бирото за јавна безбедност-Оддел за криминалистичка полиција и инспектори од СВР Скопје во координација со Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи спроведоа акциска контрола во 25 угостителски објекти во Гостивар и во Струга и при тоа се констатирани низа неправилности во 14 објекти, кои се законски санкционирани. Од страна на Управата за јавни приходи се изречени санкции кон седум објекти во Струга и седум објекти во Гостивар, во кои се констатирани различни неправилности: неиздавање на фискални сметки, немање резервен фискален апарат итн. Од страна на Државниот пазарен инспекторат пак изречени се санкции за седум објекти во Гостивар поради разни видови непарвилности кои биле констатирани при контролите. Акциските контроли продолжуваат и во наредниот период.
Related Posts
Кочанчанка која беше убиена со 42 убоди подолго време била уценувана – пријавата не била сфатена сериозно
Службените лица од Полициската станица во Кочани пред околу пет месеци добиле пријава за уцена што ја доставила 46-годишната жена…
Ланскиот промет на берзата намален за 42 отсто во однос на 2021 година!
Годишниот статистички билтен што го објави Македонската берза покажува дека прометот на Берзата, што е направен во 2022 година е…
(ВИДЕО) ТВ 24: Се распаѓа куќата каде комитите на Сандански ја чувале американската мисионерка Мис Стон
Се распаѓа споменот за Мис Стон во Ратево – куќата стара 300 години во која престојувале комитите на Сандански, кои…