Бајден го осуди нападот на Русија врз Украина

Претседателот на САД Џо Бајден го осуди „неиспровоцираниот и неоправдан напад“ на Украина од страна на руските воени сили.

– Претседателот Путин избра да води војна со умисла која ќе донесе катастрофални човечки загуби и многу страдање. Русија е одговорна за смртта и уништувањето што ќе го донесе овој напад и САД и сојузниците и партнерите ќе одговорат обединето и одлучно, реча Бајден.

Светот ќе ја повика Русија на одговорност, истакна во објавеното соопштение.

Бајден најави дека денеска има договорено итна средба со лидерите од Г-7 и дека потоа ќе се обрати до американскиот народ „околу понатамошните последици што САД, сојузниците и партнерите ќе ги наметнат врз Русија за овој непотребен акт на аресија против Украина и против глобалниот мир и безбедност“.

– Исто така ќе се координираме со нашите сојузници од НАТО да осигураме силен и обединет одговор што ќе одврати агресија против алијансата.

Целиот свет вечерва се моли за народот на Украина, рече Бајден.

 

извор/фото: агенции