Бел чад во Ватикан: Избран е нов папа – Лав XIV, првиот американски поглавар на Римокатоличката црква

Роберт Превост (69) од САД, новиот папа кој го избра името Лав 14, се појави на балконот на базиликата „Свети Петар“ и им се обрати на верниците и светот.

Со постигнато двотретинско мнозинство, 133-те кардинални собрани во Систинската капела во Ватикан го избраа новиот папа, кој е наследник на папата Франциск.

Screenshot / Youtube

Бел чад се појави од оџакот над Систинската капела, со што е објавено на јавноста дека кардиналите избрале нов лидер на 1,4 милијарди католици низ светот.

Пред појавувањето на балконот, во изолираните сали на Ватикан, новоизбраниот папа се подготви избирајќи го своето папско име, кое често укажува на насоката на неговото идно раководење.

Тој е облечен во новоизработена бела папска облека и го стави церемонијалниот рибарски прстен, пред да биде спроведен низ Салата на благословите до балконот познат како Лоџа на благословите.

Screenshot / Youtube

Верниците од новиот папа го добија првиот благослов познат како „Urbi et Orbi“ – „За градот и светот“.

 

извор: Курир

фото и видео: НОС Холандија