Брнабиќ: Имам куќа на островот Крк, затоа летував во Хрватска

Српската премиерка Ана Брнабиќ се објаснуваше зошто летувала во Хрватска, по острата реторика меѓу властите во двете земји по повод одбележување на годишницата од акцијата „Бура“.

„Имам куќа во Хрватска, на островот Крк. Мојот дедо, таткото на мојот татко е од Крк. Последен пат таму бев во 2016 година. Откако влегов во владата, како министерка за државна управа и локална самоуправа, не сум отишла во својата куќа, кажа Брнабиќ.

Вели дека во овој момент чувствува дека за неа како шефица на српската влада не е добро да летува во Хрватска.