Будимпешта протера украински дипломати по објавата на Киев за откривање на унгарска шпионска мрежа

Украинската служба за безбедност (СБУ) објави дека открила шпионска мрежа управувана од унгарската држава за да се обиде да собере разузнавачки информации за воената одбрана и јавното мислење во регионот Закарпатија во јужна Украина, која граничи со Унгарија и има значително унгарско население.
Будимпешта одговори со протерување на двајца украински дипломати за кои се вели дека се шпиони, што дополнително ги засили тензиите меѓу соседните земји чии влади се во спор околу руската војна против Украина.
Во соопштението, СБУ соопшти дека привела двајца осомничени агенти за кои рече дека биле регрутирани од унгарската воена разузнавачка служба.
Се вели дека е првпат во историјата на Украина да се открие дека унгарска шпионска мрежа работи против интересите на Киев.
Унгарија е дел од Европската унија и НАТО, два блока со кои Украина е тесно поврзана во војната со Русија. Сепак, односите меѓу двете земји често беа затегнати.
slobodnaevropa.mk