Лисици сѐ почесто може да се видат на улиците на босанскиот град Бања Лука, а интересно е тоа што животните, кои во потрага по храна, од блиските планини се спуштаат во градските населби, не делуваат дека се исплашени и не бегаат од луѓето, односно се одомаќиле во средината која не е нивно природно живеалиште, пишува „Српска Инфо“.
Граѓаните се изненадени кога ќе го видат ова диво животно, но со оглед на тоа што сѐ почесто ги среќаваат лисиците на градските улици, веќе се навикнале на нивното присуство.
Lisica se jutros prošetala ulicama Banjaluke. pic.twitter.com/k7hpeAxNz2
— Srpskainfo (@Srpska_info) January 20, 2023
slobodenpecat.mk