(ВИДЕО) Сакал да киднапира бебе, но наишол на мајстор во боречки вештини

Брајан Кимсли мирно се шетал со својата девојка низ паркот Медисон Сквер во Њујорк кога видел непознат маж кој се обидува да киднапира дете чија мајка го носела на прошетка.

Решил да реагира и го спречил киднапирањето користејќи бразилска џиу-џица, со што станал херој.

Неговата мирна прошетка со неговата девојка одеднаш се претворила во хаос кога Брајан здогледа жена како вреска додека непознат маж се обидува да ја украде количката со бебето. Жената не можела да се одбрани бидејќи со неа имало уште едно дете. Тој веднаш реагирал, бидејќи напаѓачот за малку ќе успеал да го киднапира бебето. Брајан веднаш тргнал во напад, а користејќи го стекнатото знаење на бразилското џиу-џицу, брзо го совладал киднаперот и го држел до доаѓањето на полицијата.

„Тој ми кажуваше дали воопшто знам дали тоа е нејзино бебе, а можеби е негово“, рече Брајан потоа, опишувајќи како го запрел киднаперот.

“Прво го соборив, а потоа го грабнав. Го држев толку цврсто што не можеше да се движи. Немаше да го пуштам”, рекол тој.

До пред неколку години бил редовен на тренинзите.

„Познавањето на БЏЏ ми овозможи да контролирам возрасен маж во овој случај како бебе“, рече Кимсли.

ulica.mk