60 годишниот Зија Сонер Тугтекин кој беше извлечен под урнатините во турскара провинција Адијаман 56 часа по разорниот земјотрес , рече дека бил извлечен од урнатините со цигара во устата и го одбил барањето на спасувачите да ја фрли, неговата „делумно испушена цигара“ затоа што преживеал со неа.
Тој за Анадолија изјави дека откако бил затрупан во урнатините , ги испушил цигарите што ги имал со себе.
-Кога ме извлекоа од урнатините имав цигара во рака, ми рекоа да ја фрлам. Не направив затоа што преживеав со цигарата, рекол Зија.
Цигарата му останала во устата додека спасувачите го изнесувале од урнатините.
-Не знам колку дена чекавме под урнатините. Не знам како помина ова време. Имав тутун со мене, тркалав и пушев тутун кога никој не дојде, рекол Зија.
#TurkeyEarthquake: Rescuers pull out a man from the rubbles with cigarette in his mouth#Turkey #Turkiye #TurkeySyriaEarthquake pic.twitter.com/iXMj0cmIGk
— Zee News English (@ZeeNewsEnglish) February 14, 2023
aa.com.tr