Во СВР Скопје во средата наутро било пријавено дека во Казнено – поправната установа Затвор Идризово бил пронајден починат В.Ѓ.(45) од Велес, кој издржувал казна затвор во установата.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, велат од МВР.
Увид извршила екипа од СВР Скопје.