Во акција во Истанбул, Туркије (Турција), запленети се 120 килограми хероин, а едно лице е приведено, јавува Агенција Анадолија (АА).
Тимовите на жандармеријата, постапувајќи по дојава, спроведоа операција во квартот Есенјурт и врз основа на теренска работа, констатирале дека С. Т. планирал на пазарот да пушти дрога купена од странство.
Тимовите го следеле осомничениот пет месеци и организирале претрес во изнајмениот стан во Есенјурт.
За време на претресот пронајдени се 120 килограми хероин, 5 килограми метамфетамин, опрема за мерење и пакување на дрога и оружје.
Осомничениот, за да не привлече внимание, избрал стан во фреквентна област, го изнајмил на име на лице кое немало досие и навел дека ќе живее со семејството.
Во тек е процесуирањето на неколку лица.
извор: Агенција Анадолија (АА).
фото: Агенција Анадолија (АА).