Давкова: Чест и задоволство е да се биде домаќин на почитуваниот хрватски колега, претседателот Зоран Милановиќ

Хрватска е искрен македонски пријател и поддржувач на патот кон ЕУ, наш близок партнер во НАТО, долгогодишен сојузник со којшто споделуваме одлични политички односи, без отворени прашања и силна посветеност во градењето мирен, стабилен и просперитетен регион, интегриран во ЕУ.
Нѐ поврзуваат многу заеднички вредности, а важен обединувачки фактор е взаемното почитување на македонската заедница во Хрватска и хрватската заедница кај нас.
Уверена сум дека оваа посета ќе внесе нова енергија во македонско-хрватските односи, ќе ја поттикне соработката и ќе овозможи поинтензивна комуникација меѓу државните органи, бизнис заедниците, образовните, научните и културните институции, како и граѓанскиот сектор.