Десет млади лица се возеле во автомобил кој излетал од патот кај островот Шипан , Хрватска

Полицијата во Дубровник пријави несреќа на островот Шипан. Осум лица се повредени.

Нерегистрирано патничко возило управувано од возач во алкохолизирана состојба излетало од патот во неделата околу 3 часот наутро на островот Шипан во близина на Дубровник, а од десетте лица натрупани во возилото, осуммина се повредени, од кои четворица се хоспитализирани, соопшти дубровничката полиција.

Од десетте лица во нерегистрираното патничко возило, седум биле малолетни.

 

 

dnevnik.hr