На пригодна свеченост која се одржа денеска на охридскиот плоштад, градоначалникот Кирил Пецаков ги додели наградите од Литературниот конкурс кој беше распишан по повод Свети Климент Охридски – Патрон на Охрид.
Во I категорија за ученици од одделенска настава (од прво до петто одделение) наградена е поетската творба „Климент Охридски“ на Славјан Митаноски, ученик во трето одделение при ООУ „Кочо Рацин“.
Во II категорија предметна настава (од шесто до деветто одделение) наградена е потеската творба „Средновековен времеплов“ на Симона Димитриеска ученичка во деветто одделение во ООУ „Кочо Рацин“.
Во III категорија за ученици во средно образование (од прва до четврта година) наградена е поетската творба „Чекорот на Св. Климент Охридски во мугрите на древниот Охрид“ на Марија Наумоска, ученичка во четврта година во ОСУ „Свети Климент Охридски“.
На наградените ученици им беа доделени парични награди и пригодни подароци. За избор на најдобрите творби на конкурсот одлучуваше жири комисијата во состав: м-р Перчо Божиновски (претседател), проф. Светлана Велкоска (член) и проф. Светлана Огненова (член).