Полицијата во Обреновац од синоќа трага по автомобил што маж го украл од бензинска пумпа, па удрил во бензинската и побегнал, дознаваат медиумите.
Во моментот на кражбата во автомобилот имало девојче
Девојчето кое била во возилото успеало да скокне од него. Според неофицијални информации, тоа не е повредено.
За случајот е информирано и обвинителството. Полицијата врз основа на видеото се обидува да го идентификува крадецот.