Експлозија во Солун, жена загина откако бомба и пукнала во раце пред да успее да ја постави пред банка

Експлозија го потресе Солун утрово откако 38-годишна жена загина утрово во експлозија на бомба во центарот на градот. Од полицијата информираат дека инцидентот се случил рано изутрината околу шест часот по локално време. Информациите говорат дека жената ја носела бомбата и сакала да ја постави пред банка во близина кога ненадејно и експлодирала во рацете.Во експлозијата се оштетени неколку излози и возила.

Полицијата објави дека жената отпорано им била позната на властите како учесничка во неколку грабежи и се истражува дали била поврзана со екстремистички левичарски групи.

Неколку полициски извори кажаа дека се земени аудиовизуелни докази кои потврдуваат дека бомбата експлодирала во рацете на жената пред да ја остави на банкомат.

skopjeinfo.mk