На ден 30. 09. 2024 година, шумочуварската служба на подружницата Преспадрво од Ресен, во Шумско стопанска единица Лева Река – Бигла, во место викано Старо Кривени,
оддел 102, при редовна контрола затекнала две возила кои вршеле транспорт на огревно дрво даб. При контролата било констатирано дека дрвата потекнуваат од бесправна сеча, нежигосани се и без соодветна документација. Возилата заедно со огревното дрво, со асистенција на припадниците на МВР се одземени и однесени на складот од подружницата.
Против сторителите се поднесени пријави и се очекува да бидат соодветно санкционирани.Ова е уште еден доказ дека битката со крадците на дрва и бесправни сечи и понатаму продолжува.