Запленета јахта на руски олигарх во Шпанија, вредна 143 милиони евра

Во Шпанија е запленета јахтата на рускиот олигарх Сергеј Чемезов вредна 143 милиони евра, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Судот во Барселона донесе одлука за предметот бидејќи не биле платени трошоците за одржување на јахтата „Меридан А“, долга 85 метри, усидрена на пристаништето од март.

Јахтата е регистрирана на поќерката на Сергеј Чемезов, поранешен агент на КГБ и висок функционер на државната одбранбена компанија „Ростек стејт корп.“.

По руската окупација на Крим во 2014 година, санкции за Чемезов воведоа Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ).

Досега во Шпанија запленети се четири големи јахти кои им припаѓале на руски олигарси, вредни 600 милиони евра.

извор:Агенција Анадолија (АА).

фото:Агенција Анадолија (АА).