За првпат во државата извршена е интервенција на пациент со скршен лакт и скршеница на главата на радиус во лакотниот зглоб, со што е постигната стабилизација на зглобот и враќање на функцијата на целосни движења во него.

Оваа интервенција е изведена на Клиниката за трауматологија, при ТОАРИЛУЦ.
Интервенцијата ја извршија трауматологот д-р Игор Мерџаноски, д-р Александра Танеска, д-р Александра Горѓоска, анестезиолог д-р Александар Димитровски, медицинската сестра- инструментарка Елизабета Јовановска и ртг техничарот Тони Цветковски.