Излета возило на „Партизнаска“ во Скопје

Вечерва на булевар „Партизански одреди“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа.

Се работи за возило кое веројатно излетало од коловозот и удрило во дрво покрај пешачката патека.

Како што може да се види на фотографиите, автомобилот е многу оштетен од страната на возачот.

Засега нема информации за повредени лица.

4news.mk