Израел ги напаѓа Техеран и други локации, Трамп ја остава отворена можноста за вмешување на САД во конфликтот

Израел повторно ги нападна Техеран и околниот регион со воздушни напади рано на 19 јуни. Ова се случи на само неколку часа откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „не бара“ да се вклучи во борбата, но ќе дејствува доколку е потребно за да го спречи Иран да се здобие со нуклеарно оружје.

Иранските државни медиуми објавија дека беспилотните летала-пресретнувачи на воздушната одбрана на земјата биле активирани над периферијата на Техеран кратко по полноќ.

Израелската војска потврди дека спроведува „серија напади“ околу иранскиот главен град и други области на земјата на 19 јуни, а исто така рече дека пресретнала „сомнителна воздушна цел“ лансирана од Иран.

Израелската војска издаде предупредувања за евакуација на социјалните медиуми на арапски и фарси јазик за жителите и другите во близина на реакторот за тешка вода Арак, 250 километри југоисточно од Техеран и во блиската област Хондаб.

„Израелските одбранбени сили (ИДФ) издаваат итно предупредување до жителите, работниците и присутните во областа на двете ирански села Арак и Хондаб, во областите означени на мапата, да се евакуираат веднаш пред ИДФ да таргетира воена инфраструктура што му припаѓа на иранскиот режим“, соопштија од ИДФ.

 

 

 

slobodnaevropa.mk