Казахстан: Астана се бори со голем снег на средина на април

Снегот што падна на средина на април во Астана, главниот град на Казахстан, негативно влијае врз животот на граѓаните, известува Анадолу.

Астана се бори со обилни врнежи од снег, а за два дена регистрирани се снежни наноси какви што обично се трупаат за период од еден месец.

Екипите на теренот работат на расчистување на улиците во главниот град на Казахстан.

Денес се очекува температурата да падне до -17 Целзиусови степени, а во наредните денови и до 18 степени под нулата.

извор:Анадолу.

фото:Анадолу.