ОВР Кичево поднесе кривична пријава против З.К.(63) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Тој, на 29.04.2021 година, во својство на раководител на шумското стопанство „Лопушник“ од Кичево, незаконски склучил писмена спогодба со правно лице кое, без финансиски надомест требало да изврши отстранување на дрва од обележани траси кај месноста „Прострање Белица“. Од проверките извршени од Одделението за внатрешна ревизија на Јавното претпријатие „Национални шуми“, констатирано е дека, за склучената спогодба не било дадено овластување од Директорот на ЈП „Национални шуми“. Со тоа, пријавениот овозможил да биде посечено буково огревно дрво во вкупна маса од 332,5 метри кубни при што, причинета е материјална штета од 2.327.500 денари.
Related Posts
Спасовски: Може нема да се менуваат табличките туку врз нив ќе се ставаат НМК налепници
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во неделното интервју на Радио Слободна Европа најавувa дека е можно да се донесе…
Граѓани се жалат – поради нередовно читање на струјомерите, добиваме повисоки сметки
Голем број граѓани се жалат дека поради нередовно отчитување на струјомерите од страна на ЕВН, по неколку месеци добиваат висока…
Во петок на протест излегуваат вработените од Царинската управа, бараат покачување на платите
Во петок од 12 часот во Царинската управа ќе протестираат вработените во Царина, најавија од Сојузот на синдикати на Македонија,…