Во организација на друштвото на грчкото малцинство “Свети Козмај”, а со поддршка на Комитетот за национални малцинства на Албанија, во античкиот град Бутринт се одржа Фолклорен фестивал на националните малцинства во Албанија.
На Фестивалот учествуваше и Македонското културно-уметничко друштво од Преспа.
Продолжуваме со гордост да го презентираме богатото културно наследство и фолклорот на Македонците во Албанија, – изјавија Македонците од Преспа.
Фестивалот беше уште една прекрасна можност за претставување на македонската традиционална носија, песни и ора пред публика составена од различни заедници, во духот на меѓусебно почитување, дијалог и културна разноликост.
Македонскиот фолклор и овојпат беше пречекан со интерес и восхит, како живо сведоштво за македонскиот идентитет и истрајност.
Со вакви настапи Македонците ја продолжуваат афирмацијата на македонскиот етнички, јазичен, културен, верски, историски и државен идентитет, континуитет и наследство во Албанија.
Македонското културно уметничко друштво од Пустец изрази благодарност до организаторите за поканата и можноста за учество!
vesnik-ilinden.com