Митева: Дали молкот на Ковачевски значи дека прифатил Македонија да стане држава на два народи?

Со денови Димитар Ковачевски молчи и не демантира дали уставните измени опфаќаат бинационална држава?

Димитар Ковачевски кој не излегол на избори, и не влече легитимитет од гласење од страна на народот, туку од волјата на ДУИ, е заложник на нивните интереси. Ковачевски треба да одговори на јавноста дали Груби кажал, а тој прифатил Македонија да стане држава на два народи, односно бинационална држава? И дали за тоа требало да има посебна кампања во претстојниот период со која требало да се убеди јавноста, во таа идеја?

Според нашите информации кои ги објавивме во Комисијата за подготовка на уставни амандмани, се разговарало Македонија да биде бинационална држава, односно држава на два народи, неколку етнички заедници и малцинства. Ваквиот план на власта е поразувачки, наместо Македонија да се бори против надворешните барања, се соочува со нови услови и од дома, истакна портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Марија Митева.
Во продолжение ја пренесуваме изјавата во целост:

Ковачевски да внимава што ветува, без разлика на наградите кои ги добива од ДУИ, без разлика колку и да мисли дека опстојувањето на власт му е најважно од се, тој мора да остане достоинствен. Само месеци не делат од изборите, и треба да знае дека по истите ќе следи одговорност.

извор: ВМРО ДПМНЕ