Мицкоски најави по 250 евра за секој студент за електронски уреди

– 250 евра за електронски уреди. Тие пари се предвидени во буџетот. Процедурата во рамките на Владата, односно Генералниот секретаријат е отпочната. Се дефинираат критериумите и нормално е дека чекаме да отпочне новата студентска година затоа што еден од критериумите е да студентите имаат заверен семестар. Ги чекаме овие бруцоши коишто сега ќе се запишат за да го заверат семестарот и да може да ги добијат тие 250 евра помош од државата за купување на електронски уреди, изјави Мицкоски денес изјави дека Владата планира ученички стипендии за наредната година, а во однос на новинарското прашање за најавата на Владата за помош на студентите за набавка на електронски уреди, изјави Мицкоски  по пуштањето во употреба на целосно реконструираното Одделение за управни работи – Скопје во зградата на МРТВ.

Рече дека е сигурен оти тоа ќе се случи веќе во месец септември.

-Политичките партии коишто во паузата од некрофилија, рефлектираат и ваков тип на дилеми во јавноста, еве ја користам оваа прилика да ги разубедам и да им кажам да бидат спокојни. Тоа што ВМРО и оваа Влада ветуваат, во којашто се политичките партии ВРЕДИ, коалицијата ВРЕДИ, политичката партија ЗНАМ и нашата коалиција, тоа што ние го ветуваме, тоа го испорачуваме, но се разбира во зависност од приоритетите, бидејќи многу приоритети има, мора многу дупки и многу лоши работи од минатото да се санираат коишто ги наследивме, истакна Мицкоски.

Премиерот посочи дека за оваа година успеале многу од тие лоши работи да санираат, а еден од тие е и овој објект – Одделението за управни работи – Скопје во зградата на МРТВ .

-Така што мислам дека последната бројка е на приватните и државните универзитети, некаде околу 55 илјади студенти, со заверка на семестар ќе може да ги користат овие 250 евра за набавка на електронски уреди од септември, додаде Мицкоски.

 

 

 

denesen.mk