Ненадејно почина предавач од Шкотска додека предавал на 15. издание на Школата за млади лидери во Охрид. На предавачот за време на предавањето му се слошило и паднал. Неофицијално, починатиот е британски државјанин роден 1954 година.
Од Министертвото за внатрешни работи (МВР) за САКАМДАКАЖАМ ја потврдија веста. Велат дека дополнително ќе се утврдуваат причините за смртта.
„Во СВР Охрид денеска во 15.30 часот е пријавено дека во хотелот ‘Инекс Горица’ ненадејно починало лице од Шкотска. Странскиот државјанин држел предавања на Школата за млади лидери, кога му се слошило. Дополнително ќе се утврдуваат причините за смртта“, велат од МВР за САКАМДАКАЖАМ.
Итната медицинска помош, полицијата и основен јавен обвинител констатирале смрт, а по направената обдукција ќе се знаат причините на смртта.
Sdk.mk