Денеска во собранието зборуваме за избор на министер за локална самоупорава, кој ќе биде дел од владата насочена кон справување со сите последици од глобалната економска и енергетска криза, истакна денеска од собраниската говорница, пратеничката на СДСМ Фаница Николоска.
Таа потести дека во првите 100 дена од мандатот на новата влада се случи воената агресија врз Украина која ја предизвика денешната економска и енергетска криза.
Тоа беше дополнителен мотив за владата и парламентарното мнозинство да работиме уште посефикасно, уште во првите 100 дена од мандатот донесовме одлука за зголемување на минималната плата на 18.000 денари за сите работици, просечната плата продолживме да ја зголемуваме и во услови на криза сега изнесува 31.812 денари, истана Николоска.
Пратеничката Фаница Николоска исткна дека СДСМ го реши проблемот со топлинската енергија во Скопје.
Новата методологија за усогласување на пезниите донесе од зголемување на пензиите за 10 отсто оваа година, нагласи Николоска, додавајќи дека Владата на СДСМ и парламентарното мнозинство се грижат за сите пензионери и во услови на криза продолжува покачувањето на пензиите, наредното зголемување на пензиите во март идната година ќе изнесува околу 6 проценти со што пензиите за 12 месеци ќе се покачат за 16 проценти.
Таа истакна дека во првата половина од оваа година СДСМ и парламентарното мнозинство донесе пакет од 26 антикризни мерки вреден 400 милиони евра за помош на граѓаните и стопанството, а донесен е и нов пакет вреден 350 милиони евра каде директно им се помага на над 200.000 граѓани со ниски примања.
Тоа значи дека за неколку месеци се издвоени 750 милиони евра за мерки за помош на граѓаните, што е околу 5 отсто од БДП, што е најмногу како процент споредено со земјите од Западен Балкан, нагласи Николоска, додавајќи дека во време на светска енергетска криза се масимизираат домашните капацитети за производство на електрична енергија, а државата ќе продолжи да субвенционира со 80 процени од сметките за струја за над 600.000 домаќинства и 72.000 мали комапнии.
Заради пониски трошоци за електрична енергија сите основни и средни училишта се префрлуваат на регулираниот пазар на електрична енергија, а струја по повластена цена ќе има и за здравствените установи, истакна Николоска, додавајќи дека истовремено ВМРО-ДПМНЕ упорно блокира над 50 закони кои се во интерес на граѓаните и на државата, а меѓу нив е и законот со кој се обезбедуваат 100 милиони евра за непречено работење на ЕСМ во време на криза.
Нашата визија, визијата на претседателот Ковачевски е економски силна и стабилна држава, полноправна членка на Европската унија, тоа е големата слика на која секојдневно работиме да обезбедиме сигурна и стабилна иднина за сегашните и идните генерации. Тоа е проевропскиот концепт за европска Македонија, нагласи Николоска, додавајќи дека за реализацијата на овој концепт значајна е улогата на министерството за локална самоупорава.
Имајќи го предвид фактот дека кандидатот Ристо Пенов, низ неговиот животен пат поминал низ влијателни политички и општествени функции, а згора на тоа ги има максимално оправдано истите сметам дека токму Пенов е личноста на која заслужено може да му се довери функцијата министер за локална самоуправа, тој е спој на искуство и професионалност, нагласи Николоска.
Таа додаде дека Пенов во два мандати како градоначалник на Скопје оставил капитални проекти кои му даваат печат на градот.
Сега за разлика од тогаш Скопје, под раководство на ВМРО-ДПМНЕ има нефункционални јавни претпријатија, неквалитетни услуги за граѓаните, нема проекти, нема развој, нема инвестиции, само кавги за влјанија и провизии. Наместо бесплатен јавен превоз се случи Скопје воопшто да нема превоз, тоа е разликата, порача пратеничката на СДСМ Фаница Николоска и ги повика пратениците да го изберат Ристо Пенов за министер за локална самоуправа.
Извор: СДСМ