Доколку не морате попладнево не излегувајте, во 14 часот измерени се многу високи температури во Македонија, па така во Гевгелија, Демир Капија и во Дојран температурата се искачи до 37 степени, или малку повисокa. Најниска температура од 26 степени во 14 часот од градовите е измерена во Крушево.