Убиено е девојчето Данка Илиќ (2), а за ова злосторство што ја потресе Србија, регионот и Европа, уапсени се двајца осомничени Дејан Д. и Срѓан Ј., кои добија притвор до 30 дена. Во петокот приведен е Д.Д. и Р.Д., братот и таткото на осомничениот Дејан, поради сомнение дека му помогнале да го пренесе телото на девојчето на друга локација.
Во неделата пристигна информација дека во притвор починал Д.Д.
Полицијата се уште трага по телото на малата Данка Илиќ. Пребарана е пештерата Лазарев, која се наоѓа во близина на селото Злот, Кањонот Лазарев, како и целиот простор покрај реката Злот. Осомничените за нејзиното убиство беа сослушани во Обвинителството, по што Судот им одреди мерка притвор во траење од 30 дена.
Осомничениот Срѓан во Обвинителството се бранел со молчење, додека Дејан го признал делото, а потоа рекол дека татко му и брат му помогнале да го сокрие телото. Во неделата дојде веста дека братот починал во притвор.
Репортерите на порталот Телеграф престојувале во селото Злот, каде живее еден од осомничените. Полицијата ги пребарала неговите два имота, исцедена е и септичката јама, но телото на малата Данка се уште не е пронајдено.
telegraf.rs