Претрес во Скопје, пронајдени четири килограми марихуана, кокаин, пиштол…

Вчера (07.05.2025) од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, по претходно обезбедена судска наредба за претрес на дом и други простории, извршен е претрес кај А.С.(21) од Скопје.
При претресот, во помошна просторија која ја користел А.С. се пронајдени и одземени четири килограми марихуана, 18 паковки кокаин, една дигитална вага, еден боев пиштол ЦЗ 7.65 со пет куршуми итн..
А.С. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл. 215 и 396 од КЗ, по итна постапка.