Полициски службеници од СВР Тетово денеска (5 март) околу 15 часот и 50 минути го лишиле од слобода 56-годишниот тетовец Ѓ.Т., по претходно добиени сознанија дека препродавал, односно реемитувал ТВ-канали без потребната лиценца на заинтересирани поединци и им наплаќал паричен надоместок. При претрес во домот на Ѓ.Т., извршен со судска наредба, биле пронајдени и со потврда одземени: 11 дримбоксови, 3 компјутерски куќишта, пиштол “ТТ” со рамка и 124 куршуми калибар 7, 62 милиметри, ловечка пушка “дамас” со 45 куршуми калибар 12 милиметри, 2 мобилни телефони….Тој е задржан во ПС Тетово и во координација со Јавен обвинител ќе му бидат изготвени соодветни поднесоци.
Related Posts
Во вештачкото езеро Глажња, пронајдено телото на 29-годишниот локален жител
– Спасувачките тимови попладнево во вештачкото езеро Глажња во општина Липково го пронајдоа телото на 29- годишен локален жител по…
Потребни се уште 4 илјади евра за лекување на малата Аника, да бидеме химани заедно
По многу прегледи од специјалисти, се установи дека е идеален кандидат за трансплантација на матични клетки, која мора да се…
DW: Фрчат казни за непочитување на замрзнатите цени
Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) изрекол казни од над 1. 300. 000 денари за вкупно 22 субјекти за трговија на мало…