Синоќа (05/06.03.2022) полициски службеници од Бирото за јавна безбедност-Оддел за криминалистичка полиција во координација со Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи спроведоа акциска контрола во 18 ноќни клубови и останати угостителски објекти во Скопје. При тоа, во еден ноќен клуб е пронајден кокаин кај Н.Г. (19) и против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик, Од страна на Управата за јавни приходи се изречени санкции кон 16 објекти, во кои се констатирани различни неправилности: неиздавање на фискални сметки, неевидентиран промет, а дел од објектите воопшто немале регистрирано правно лице. Од страна на Државниот пазарен инспекторат изречени се санкции за осум објекти, а два објекта се запечатени. Исто така од страна на МВР ќе следат соодветни поднесоци и затоа што во два ноќни клуба се затекнати малолетници по 24 часот Акциските контроли продолжуваат и во наредниот период.
Related Posts
Приведен 53-годишен маж од Виница кој допирал и бакнувал малолетничка
Во текот на вчерашниот ден е приведен 53-годишен маж од Виница кој допирал и бакнувал малолетничка, информираат од МВР. -Лицето…
Пецаков: Инвестираме во секој дел на територијата на Општина Охрид
Деновиве се одвиваат градежни работи за изградба на нов водовод за потребите на жителите на село Куратица. Со овие зафати…
Бектеши: Ќе ги замрзнеме цените доколку трговците почнат со поскапувања
Замрзнување на цени, насочени мерки кон одредени ланци маркети и трговци, казни но и затварање. Ова се мерките кои ги…