Првата руска борбена употреба на нова ракета со среден дострел наречена Орешник привлече големо внимание кај воените аналитичари и западните набљудувачи, но политичкиот коментатор Ростислав Ишченко даде објаснување зошто Русија го користела оружјето.
Според неговото толкување, оваа ракета првенствено не била лансирана поради тактичка потреба – туку како јасен сигнал.
Како што тврди Ишченко, сè било првенствено од демонстративна природа. Со оваа акција Русија сакаше да ги нагласи своите технички способности во областа на ракетното оружје – особено кога станува збор за системи кои можат да погодат цели на целиот европски континент.
Тој нагласува дека „Орешник“ е способен да се користи во посериозни конфигурации, што испраќа порака до потенцијалните противници дека Москва има средства да нанесе значителна штета, доколку биде принудена да ги користи.
Но, приказната не завршува тука. Ишченко истакнува дека, кога станува збор за можни одговори на украинските потези, Русија не мора да се потпира на „Орешник“.
Има поефикасни – и значително поевтини – средства кои, во конкретниот контекст, би донеле слични резултати. Во центарот на неговата анализа е главниот град на Украина. Ишченко директно укажува на слабостите на одбраната на Киев, особено на недоволната противвоздушна заштита и нејзината релативна близина до границата со Белорусија.
4news.mk