На електронската адреса за комуникација со граѓаните 24@skopje.gov.mk досега се пристигнати 1438 барања, од кои решени се 1.300. Најголемиот број граѓани на овој мејл пријавиле проблеми и барања за поставување заштитни столпчиња на тротоарите, за чистење диви депонии, проблеми со улични кучиња, возниот ред на автобусите и уличното осветлување низ градот. На електронската адреса 24@skopje.gov.mk граѓаните можат да пријавуваат предизвици во надлежност на градот, а градската администрација е задолжена да одговори на барањата во рок од 24 до 72 часа. Целта на овој проект е ефикасно и ефективно работење на градската администрација во служба на граѓаните, која ќе придонесе Скопје да биде функционален град кој нуди брзи, квалитетни и навремени услуги за скопјани. Со ваквиот начин на комуникација Градот Скопје станува поблизок до скопјани и има за цел преку непосреден однос со граѓаните да ги реши секојдневните предизвици со кои тие се соочени.
Related Posts
Променливо обалчно со врнежи од дожд
Променливо облачно со повремен локален дожд особено во северните и западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен…
(ФОТО) Коњот оставен на тераса во Дебар маало, згрижен во ЗОО Скопје
Вчера на неколку портали беше објавено дека во Дебар Маало има коњ на тераса од стан во напуштена зграда, а…
Безживотно тело извлечено од водите на Вардар
На 28.01.2023 околу 12.44 часот во СВР Скопје е пријавено дека по течението на реката Вардар во Долно Лисиче, пловел…