ФФМ најави дека ќе ја продолжи борбата за чист и фер-плеј спорт по големиот скандал кој вчера се случи во Гевгелија, а со тоа јасно најави жестоки казни за сите инволвирани во фудбалската „местенка“ која ја режираа Кожув и Башкими.
Фудбалерите на Кожув намерно им дозволија на противниците да постигнат гол за победа и да останат во трка за директен пласман во Првата лига, но ако се суди според соопштението на ФФМ и пораката на Борко Ристовски, Башкими го чека жестока казна.
Министерот за спорт вечерва се огласи преку социјалните мрежи и најави дека на двата клуба најверојатно ќе им биде одземена дејноста за спорт, што значи дека ќе бидат елиминирани од понатамошни настапи во Втората лига.
„Ќе ги почекаме извештаите на ФФМ и доколку се потврдат сомнежите, на клубовите Кожув и Башкими по итна постапка ќе им биде одземена дејноста за спорт. Борбата за чист спорт продолжува и Министерството за спорт секогаш ќе биде на вистинската страна“, порача Борко.
skopjeinfo.mk