Руслана: Сигурна сум дека светот ќе се обедини и ќе застане на страната на Украина

Голем број светски ѕвезди го користат своето влијние на социјалните мрежи и се залагаат за мир во светот. Украинската пејачка Руслан, позната по тоа што во 2004 година победила на Евровизија, сега се огласила по повод војната која почнала во нејзината земја.

Таа ја искористила социјалната мрежа Инстаграм како би дала подршка на својот народ во тешката воена криза каја им се случила. Таа објавила фотографија на која се моли:

– Дојде утрово. Мора да собереме сила и да сватиме дека почна војна против Украина. Сигурна сум дека светот ќе се обедини и ќе застане на страната на Украина. Многу години работевме на тоа светото да не препознае како земја која столетија страдала од рускиот режим. Светот ќе ни помогне и ќе ја запре војната.

Таа ги повикала сите луѓе кои имаат било какви официјални информации да и помогнат на Украина.

Руслана изјавила дека засега се чуствува мирно и прибрано и нагласила дека моментално најважна е локалната територјална одбрана за да се зачува неопходен мир.

 

извор/фото: агенции