Светот ги укинува КОВИД сертификатите, нашата комисија предложи укинување на две мерки, еве кои ….

Комисијата за заразни болести денеска предложи две мерки до министерот за здравство.

-Укинување на задолжително поседување на негативен ПЦР тест или потврда за прележаност или вакцинација при излез од Македонија, ова се однесува само за граничните премини на нашата земја и не важи за влез во земјата. Втората мерка се однесува за бремените жени, односно да се укине нивното ослободување од работа, вели доктор Злате Мехмедовиќ на денешната прес-конференција.

Појасни дека препораките во светот се дека за бремените жени е безбедна вакцинацијата и препорачлива.

Предлог мерките на Комисијата се доставени до министерот, а потоа ќе бидат дадени на разгледување во Главниот кризен штаб.