Од индиската полиција и медицинските власти потврдија дека најмалку седум цивили се убиени, а 30 се повредени во пакистанските напади долж линијата на контрола, границата што го дели Кашмир меѓу Индија и Пакистан.
„Имаше сериозна размена на артилериски оган долж линијата на контрола“, соопштија властите, пишува „Гардијан“.
Сите жртви се регистрирани во областа Понч, која се наоѓа во близина на крајно милитаризираната граница.
Официјални лица додадоа дека за време на нападот биле оштетени бројни куќи. Индиската армија во соопштение рече дека пакистанските војници „почнале неселективно да пукаат“, вклучително и пукање од огнено оружје и артилериски гранати долж линијата на контрола и меѓународната граница. Индиската армија нагласи дека ќе одговори „пропорционално“ на овие напади.
Војската на Пакистан утринава соопшти дека 26 лица загинале, а 46 се повредени во индиските напади на територијата на земјата синоќа, пренесе Ројтерс.
4news.mk