Силно невреме и големи поплави низ Србија

Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) издаде низа вонредни предупредувања за интензивни врнежи од дожд со грмотевици и град.

Поради силно невреме, покривот на зграда во самиот центар на Младеновац се урна и падна. Пожарникарите се на местото на настанот, а според неофицијални информации, нема повредени.

Како што може да се види на фотографиите и видеата, еден автомобил е оштетен поради паѓање на покривот од зградата. Делови од структурата се наоѓаат насекаде по патот.

 

 

 

4news.mk