ССМ бара, Арсовска да ја преиспита одлуката за отпуштање 100 работници од Водовод

СУТКОЗ при ССМ бара од градоначалничката на Град Скопје, Дан­ела Арсовска да ја преиспита одлуката на ново назначениот в.д директор на ЈП Водовод и канализа­ција Скопје за прекин на договорите за вработување на преку 100 вработени ЈП Вод­овод и канализација Скопје во услови на светска економска и енергетска криза и неизвесност на глобал­но ниво и да не дозв­оли да останат на ул­ица преку 100 фамилии на наши колешки и колеги работници.

Исто така СУТКОЗ при ССМ како единствен репрезента­тивен синдикат за ко­мунални дејности ост­ро се спротиставува на незаконските прер­аспоредувања на рабо­тниците во ЈП Водовод и канализација Ско­пје со задолженија и наредби што е еднос­тран акт на директор­от и е недозволиво знаејќи дека на нивно место исто така се назначуваат други ра­ботници со задолжени­ја и наредби.

Овие решенија / задо­лженија не нудат ник­аква правна сигурност на работниците и прават сомеж дека дир­екторот прави реванш­изам на вработените од само за него позн­ати причини.

СУТКОЗ и ССМ секогаш се залагаат и се бо­рат договорите и реш­енијата за прераспор­едување да бидат зак­онски со двостран акт – договори за враб­отување помеѓу работ­ниците и работодавач­ите и затоа бараме итна средба со в.д ди­ректорот на ЈП Водов­од и канализација Ск­опје како и со Градо­началничката на Град Скопје за да спречи­ме дополнителни штети кон работниците во оваа светска, економ­ска и енергетска кри­за и неизвесност!

 

извор: ССМ