Министерката за надворешни работи на Словенија Тања Фајон е примена на лекување во љубљанската болница поради воспаление на бубрегот.
Министерката инаку се чувствува добро, а најверојатно ќе остане во болница неколку дена, јавува 24.ур.
Тања Фајон е хоспитализирана поради лоша состојба вчера попладне по враќањето од Њујорк, каде во петокот присуствуваше на седницата на Генералното собрание на Обединетите нации и Советот за безбедност на Обединетите нации по повод втората годишнина од руската агресија врз Украина. .