Трамп го потпиша законот за намалување на јавните трошоци

Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп го потпиша законот во петокот за голем пакет даночни олеснувања и намалувања на јавните трошоци, на церемонија во Вашингтон по повод Денот на независноста.

Со воен авион во воздух и стотици поддржувачи зад себе, Трамп го потпиша законодавството еден ден откако беше тесно одобрено од Претставничкиот дом доминиран од републиканците.

„Законот за голема убавина“ беше усвоен два дена претходно во Сенатот, вториот дом на Конгресот на САД.

Името на овој закон, по кое следат контроверзии и загрижености, го создаде самиот Трамп.Станува збор за сеопфатна даночна и буџетска реформа, која е најмногу критикувана поради прашањата за тоа колку ќе го зголеми националниот дефицит на САД и ќе ги намали здравствените и другите социјални програми.

Во Претставничкиот дом, тој беше усвоен во петокот со 218 гласа „за“ и 214 „против“, во гласање што следеше по повеќе од 24 часа заседавање.

 

 

 

 

slobodnaevropa.mk