Трамп навестува нови санкции кон Русија додека нападите врз Украина продолжуваат

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговиот руски колега Владимир Путин разбира дека „можеби ќе дојдат повеќе санкции“, бидејќи Москва продолжува да го отфрла притисокот на Вашингтон за прекин на огнот во Украина.

Зборувајќи во „Ер Форс Уан“ на 4 јули, Трамп рече: „Знаете, многу зборуваме за санкции и тој разбира дека можеби ќе дојдат“.

Забелешките на Трамп се надополнија со неговиот претходен коментар дека бил „разочаран“ од телефонскиот разговор со Путин на 3 јули.

„Тој сака да оди до крај, само да продолжи да убива луѓе, тоа не е добро“, рече тој, додавајќи дека е „многу незадоволен“ од лидерот на Кремљ.

Часови претходно, Трамп имаше телефонски повик со Володимир Зеленски, кој украинскиот претседател го опиша како „многу важен и корисен разговор“.

Зеленски постојано ги повикуваше Соединетите Држави да воведат поголеми санкции врз Русија за да ја принудат Москва на преговарачка маса.

 

 

 

 

slobodnaevropa.mk