Уапсени тројца Пакистанци, пренеле мигранти од Србија за да ги однесат во Грција

На 25.02.2022 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против Д.А (21), М.А(18) и Б.Р (35), сите од Пакистан, за сторено кривично дело „Криумчарење на мигранти”, предвидено и казниво по член 418-б став 2 вв став 1 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија, за што, од страна на судија на претходна постапка на тројцата кривично пријавени лица им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Имено, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе во содејство со СВР Куманово, Регионален Центар Југ и Регионален Центар Север, а во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и ОЈО Куманово, реализираше случај на криумчарење мигранти, извршено од страна на три лица илегални мигранти кои на 24.02.2022  во улога на водичи, со цел стекнување на противправна имотна корист, пренеле шест лица илегални мигранти по потекло од Индија преку српско-македонската граница до м.в.Табла (локација помеѓу с.Богородица-с.Стојаково, Гевгелија), со цел нивно понатамошно превезување и префрлување преку македонско-грчката граница со крајна дестинација државите на ЕУ.

Лицата по претходен договор за сума од 1000 евра по лице, ги прифатиле лицата илегални мигранти во непосредна близина на Белград, Р.Србија, илегално ги пренеле истите преку српско-македонската гранична линија пеш, од каде организирале повторно префрлување на истите со возило до гевгелискиот регион, со цел понатамошно илегално префрлување во Република Грција.

 

извор/фото: агенции