Ужас во училиште во Белград: Ученик го удрил дргарот со стол на час, па го прободел

Полициски службеници од полициската станица Стари град го привеле Ж.Ш. (16) ученик од прва година во Трговското училиште во Белград веднаш откако со нож го нападнал и повредил М.К.(17), исто така ученик на таа училишна институција.

Расправијата меѓу двајцата ученици се случила денеска околу пладне во просториите на ова училиште кога Ж.Ш. удрил друг со стол, па извадил нож и го избодел.

Според српските медиуми,  инцидентот први го забележале други ученици кои на помош го повикале училишниот дежурен полицаец.

-Полицаецот веднаш интервенирал и на местото на конфликтот пронашол крвав М.К. кој бил свесен и комуникативен. Исплашениот тинејџер му кажал кој и зошто го нападнал, по што следела потера – вели извор на Информер.

Во меѓувреме Брза помош повикал еден од професорите, а ученикот во свесна и комуникативна состојба бил пренесен во Универзитетската детска клиника во Тирсова, каде му била констатирана повреда и му била укажана прва помош.

За тоа време училишниот полицаец во соработка со колегите од полициската станица Стари град го уапси напаѓачот на улица Балканска. Уапсениот млад човек при приведувањето не давал отпор, по што бил приведен во полициска станица. Мотивот и другите детали за нападот се уште се утврдуваат.

извор: Курир.рс