Украина бара Русија да биде исклучена од Интерпол

Украинскиот министер за внатрешни работи Денис Монастирски побарал Русија да биде исклучена од Интерпол, јавува британскиот весник „Гардијан“.

Киев ја обвинува Москва дека ја злоупотребува организацијата и ја користи за напади врз политичките противници ширум светот и во Украина.