Европската куќа на фудбалот (УЕФА) и Светската фудбалска федерација (ФИФА) ги суспендираа руските тимови и репрезентации од натпреварувањата.
Тоа значи дека Спартак Москва ќе биде исфрлен од Лига Европа, додека Русија нема да може да настапи во баражот за пласман на Мундијалот во Катар и нема да игра ниту во Лигата на нации, доколку во меѓувреме не се промени нешто.
„ФИФА и УЕФА заеднички решија да ги суспендираат руските тимови, националните и клупските, од сите натпреварувања. Фудбалот ќе остане обединет и тука владее целосна солидарност кон луѓето во Украина“, соопштија од организациите.
Русија изврши воена инвазија врз Украина и борбите траат од четврток, а веќе има многу човечки жртви.
https://twitter.com/UEFA/status/1498351018333061126?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1498351018333061126%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fnovatv.mk%2Ffifa-i-uefa-odluchija-isfrleni-ruskite-timovi-i-reprezentatsii-od-natprevaruvanata%2F