Над 10 матуранти од гимназијата „Мате Блажине“ од Лабин во Хрватска денеска се повредени во несреќата кога се превртел трактор со приколка, а според неофицијални информации тракторот го управувало малолетно лице.
Несреќата се случила на норијадата додека матурантите натоварени во два камиони и два трактори се движеле кон Пртлог каде требало да ја продолжат матурската прослава.
Полицијата соопшти дека околу 10 часот и 40 минути добила пријава за несреќата, а според досега утврдените информации лекарска помош побарале вкупно 16 лица, објави Istarski.hr
Трактор со приколка полна со матуранти се превртел на улица. Според првичните информации нема сериозни повреди, но полесно се повредени неколку матуранти.
По пријавата, на местото на настанот веднаш била испратена брза помош за да им укаже помош на повредените матуранти. Според досегашните информации, 10 матуранти се здобиле со полесни повреди.