(ФОТО) Пукање со пиштол во кафуле во Штип, напаѓачот снимен на камери

Вечерва околу 21.30 часот во СВР Штип било пријавено дека во угостителски објект на градскиот плоштад во Штип, било пукано со пиштол при што едно лице е повредено.

Лицето со возило на итна медицинска помош е пренесено во болница во Штип.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето кое пукало и за расчистување на случајот.