По средба во Њујорк, Мајк (66) и Арон (28) започнале љубовна романса, која се нашла на удар на критики. И покрај големата поврзаност и љубовта, секојдневно се соочуваат со негативни коментари на социјалните мрежи.
Инаку, тие се венчале, а својата среќа ја пронашле во Ирска.
„Кога ќе излеземе, не ни е грижа дали луѓето нè гледаат, само го земаме тоа со резерва на некој начин“, рекол Арон во една емисија.
„Се смееме ако некој каже ‘дали ова е твојот син’ или ‘дали е ова твојот внук’, ние велиме ‘не, ние сме во брак’. Тоа е бизарно, бидејќи се колнам дека јас сум позрел, а тој понезрел, но тоа не можете да го видите додека не нè запознаете“, рекол Арон.
Мајк, кој инаку е седум години постар од мајка му на Арон, се согласил со зборовите на неговиот партнер Тој исто така додал дека повеќето луѓе мислат дека тие се татко и син и дека се соочуваат со тој коментар каде и да се појават.
Меѓутоа, тие не се навредуваат од таквите коментари, додека единственото нешто што им досадило е тоа што луѓето ги осудуваат коментирајќи дека Арон е со Мајк само поради пари.
„Луѓето ми велеа да внимавам на моите пари“, рекол Мајк, а Арон додал:
„Коментираат на социјалните мрежи и велат: ‘земи му ги парите кога ќе умре’. Отсекогаш сум сакал постари мажи, никогаш не ме интересирало каква им е состојбата во банка.“
Додека Арон ја спознал својата сексуалност уште во тинејџерските денови, Мајк не се декларирал како геј маж до својата 40 година поради стравот од осуда.
View this post on Instagram